Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс Маракана да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус.
Маракана е најпознатиот фудбалски стадион во светот, кој двапати беше домаќин на финалето на Светското првенство (1950 и 2014 година). На стадионот беа отворени и минатите Олимписки игри.
Локалните власти на Рио де Жанеиро дополнително треба да одлучат колку кревети ќе бидат поставени во комплексот. Исто така не е познато дали привремена болница ќе биде подигната на фудбалскиот терен или во состабот на коплексот, каде има и атлетски стадион и базен.
Во Бразил досега се регистрирани 2.985 заразени со Ковид-19, од кои 77 починати, а во светот 532.914 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 24.093 починаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.