Германската фарамцевтска компанија „Баер“ (Bayer) ќе ја произведува вакцината против Ковид-19 на компанијата „КјурВак“ (CureVac). Вакцината е во завршна фаза на тестирање, а издавање дозвола за употреба се очекува во следните неколку месеци.

Во нашиот погон во Вупертал би требало да почне производстворо на вакцината на компанијата „КјурВак“. Испораката на првите дози се очекува да биде до крајот на годината – изјави членот на Управата на Баер, Стефан Олрих.

Директорот на „КјурВак“, Франц-Вернер Хас соопшти дека неговата компанија, преку мрежа на производители, обезбедила производство на околу 300 милиони дози до крајот на годината. Од нив, во „Баер“ ќе бидат произведени околу 160 милиони.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, ја поздрави најавата за соработка помеѓу „КјурВак“ и „Баер“ и најави договор за откуп на таа вакцина.

Во меѓувреме германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските сојузни покраини разговарале со претставниците на производители на вакцини со цел да се отстранат бариерите што се појавија на почетокот од процесот на имунизација на населението. Во моментов најголем проблем претставува испораката поради помалото количество вакцини од нарачаните.

„Баер“ е последната компанија за лекови што се вклучува во производството на вакцини, со цел да се надмине недостигот на вакцини против Ковид-19, откако минатата недела фармацевтските компании „Новартис“ и „Санофи“ најавија помош за „Фајзер“ во производството на вакцини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.