Холандија ќе ја сопре употребата на вакцината на „АстраЗенека“ најмалку до 29 март. Како што соопштија од холандската Влада, одлуката е донесена како мерка на претпазливост.
Одлуката, која следи по сличен потег на Ирска претходниот ден, е одговор на извештаите добиени од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти.
Норвешките здравствени власти соопштија дека тројца здравствени работници во Норвешка кои неодамна беа вакцинирани со производот се хоспитализирани поради крварење, згрутчување на крвта и тромбоцитопенија.
„АстраЗенека“, пак, вчера соопшти дека спровела проучување на здравствените податоци на повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани со нејзината вакцина во Европската Унија и Велика Британија и не открила никаква врска помеѓу вакцината и таквите здравствени состојби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.