Водечкиот американски експерт за инфективни заболувања, д-р Ентони Фаучи, ја прими првата доза од најновата вакцина против Ковид-19.Фаучи ја прими вакцината заедно со други здравствени власти, кои го надгледуваа нејзиниот развој.

Фаучи беше вакциниран во Националниот институт за здравство, каде што работи како директор за алергии и заразни болести, во предградието на Вашингтон. Тој ја прими вакцината, која заеднички ја развија НИХ и американската фармацевтска компанија Модерна, која беше одобрена за употреба во итни случаи минатата недела.

Тогаш им изјави на новинарите дека е исклучително важно што вакцината се прима за помалку од една година откако беше откриен вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.