Еден од четворица граѓани на ЕУ понекогаш смета дека е прифатливо државниот службеник да прими мито за да се забрза итна административна работа. Тоа е според анкетата на Агенцијата за основни права на Европската унија, цитирана од „Политико“.

Речиси половина од Европејците под 30-годишна возраст сметаат дека поткупување државен службеник е нормално, покажува студијата, иако постои голема разлика меѓу земјите.

Додека повеќе од половина од испитаниците во Словачка, Чешка и Хрватска – и 48 отсто во Франција – би размислиле да прибегнат кон мито кога се занимаваат со бирократи, само 1/5 или помалку размислуваат на ист начин во Шведска, Малта, Финска и Португалија.

Во однос на човековите права, истражувањето покажа дека во 11 од 27 земји-членки, најмалку 50 отсто од испитаниците „се согласуваат или силно се согласуваат“ дека кршењето на човековите права не е проблем во нивната земја.

Во исто време, 90 отсто од испитаниците (од 76 отсто во Унгарија до 96 отст во Малта) велат дека човековите права се важни за создавање поправедно општество во нивните земји.

Истражувањето е спроведено во 27 земји-членки, Велика Британија и Македонија. Во него учествуваа меѓу 1.000 и 3.000 испитаници во секоја земја помеѓу јануари и октомври 2019 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.