Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ потпиша договор со руската телекомуникациска компанија МТС за развивање технологија на мобилни мрежи за новата генерација 5Г во Русија, а Пекинг се подготвува паралелно за изградба на модерна комуникациска инфраструктура во Кина.
„Хуавеј“ и МТС во Русија ќе ја развиваат 5Г мрежата во текот на следната година, јави „Би-Би-Си“.
Потпишувањето на договорот се совпадна со тридневната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Русија.
Соработката меѓу кинеската и руската компанија е воспоставена кога група западни земји, предводени од САД, одлучија да го исклучат Хуавеј од развојот на мобилни мрежи за новите генерации поради наводни национални безбедносни ризици, потсетува „Би-Би-Си“.
Договорот, најверојатно, претставува одредено олеснување за „Хуавеј“ кој беше под силен меѓународен притисок во последниве месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.