Во Чиле се одржува вториот круг од претседателските избори, што беа обележани со поларизирана кампања на двајцата водечки кандидати, од кои едниот е претставник на десницата, а другиот поранешен лидер на студентските протести од редовите на левицата.

Најмногу гласови во првиот круг освои Хозе Антонио Каст (55), десничар и пратеник, кој во минатото ја бранеше поранешната воена диктатура, но не успеа да го обезбеди потребното мнозинство.

Неговиот главен ривал е Габријел Борич (35), левичар со хрватско потекло.

Анкетите во последните денови покажуваат дека Борич има предност.

Доколку тој победи, би станал најмладиот претседател во модерната историја на Чиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.