Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјавил дека неговата делегација сака да разговара во Вашингтон само за признавањето на независноста на земјата.
Нема да разговараме за други теми, освен за признавањето“, рекол премиерот на Косово во краткото уклучување од Вашингтон за албанската телевизија „Клан Косова“.
Попладнево во Белата куќа во Вашингтон започна средбата на делегациите на Белград и Приштина со специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговори, Ричард Гренел.
Претставниците на Белград и Приштина ќе разговараат два дена во Белата куќа.
Српската делегација е предводена од претседателот Александар Вучиќ, а во неа се и министерот за финансии, Синиша Мали, претседателот на трговската комора на Србија, Марко Чадеш и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.