Хотел во Тенерифе на шпанските Канарски острови е затворен откако доктор од Италија, кој престојувал во него, бил позитивен на тестовите за коронавирус.
Стотици гости во хотелот „Коста Адеје Палас“ биле известени да останат во нивните соби додека бидат извршени медицински тестирања, пренесуваат шпанските медиуми.
Како што се наведува, докторот бил од регионот Ломбардија, каде италијанските власти се борат против епидемијата.
Бројот на случаи заразени со коронавирусот надмина 80.000, поголем дел во Кина.
СЗО соопшти дека светот треба да направи повеќе за да се подготви за можна пандемија-ситуација во која заразната болест лесно се шири меѓу луѓето во многу земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.