Седумгодишното момче се враќало од училиште , кога околу 12,45 часот било нападнато со нож. Детето, цело во крв го нашла на тротоарот неговата учителка , која минувала со велосипед и повикала итна помош. Детето починало во болницата само неколку часа по приемот.

Подоцна во полицијата се пријавила 75 годишна жена , која рекла дека таа го нападнала момчето со нож .

Полицијата од Базел , град на северот на Швајцарија, утврдува кои биле мотивите на старицата за да го убие детето и дали е во роднинска врска со него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.