Пациент сместен во психијатриска болница уби четворица други пациенти само со дршката од неговата инфузија. Инцидентот се случил во болница во романската општина Сапока. Мажот ги нападнал останатите пациенти само три дена откако самиот се пријавил за влез во институцијата.

До крвавиот напад дошло утрово околу три часот, во две различни одделенија на болницата. Триесет и осумгодишниот пациент прво го нападнал својот цимер, а потоа вледол во женскиот оддел и продолжил да ги удира пациентките со металната дршка од ингузијата.

Покрај четворицата загинати, ранети се уште девет лица, од кои две се во кома. Се работи за жртви кои имале различни психички проблеми, сите постари од 60 години.

Пациентот е приведен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.