Холандската агенција за воено разузнавање (МИВД) ја предупредила американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека Украина во јуни минатата година планирала да го минира гасоводот Северен поток, јави Холандската радиодифузна корпорација.
По добиената информација, Вашингтон го предупредил Киев да не го напаѓа гасоводот.
Во септември 2022 година, сè уште необјаснети експлозии ги оштетија гасоводите Северен поток 1 и 2, преку кои се транспортира рускиот гас до Германија. Експлозиите се случија во Балтичко Море во економските зони на Шведска и Данска.
Стокхолм и Копенхаген тврдат дека намерно се предизвикани експлозиите и заедно со Германија ги истражуваат инцидентите.
За Вашингтон и НАТО експлозиите се „чин на саботажа“. Москва ги обвини истражителите дека одложуваат и се обидуваат да скријат кој стои зад нападот. Украина ја отфрла одговорноста за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.