Холандската принцеза Катарина-Амалија, може да се омажи за лице од кој било пол, без да го загуби правото на круната, изјави холандскиот премиер Марк Руте.
Катарина-Амалија е ќерка и престолонаследничка на кралот Вилем-Александар.
Руте одговараше на пратенички прашања по повод неодамна објавената книга „Амалија, должноста повикува“, во која се наведува дека, според старите закони, холандски монарх не може да биде во истополов брак, иако тој е легализиран во Холандија во 2001 година.
Во одговор на парламентот, Руте напиша дека „владата верува оти престолонаследничката може да се омажи за личност од ист пол и затоа не верува дека принцезата или кралот треба да абдицираат доколку сакаат да се омажат за партнер од ист пол“.
Сепак, кралските венчавки мора да бидат одобрени од семејството, а членовите на кралската куќа понекогаш се откажувале од својот ред за наследување, со цел да стапат во брак со некого без дозвола или затоа што мислеле дека нема да добијат одобрение за брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.