Холандија ќе биде првата западноевропска држава која, уште од летото, ќе воведе делумен локдаун, па рестриктивните мерки ќе стапат на сила претстојниот викенд, објавил денеска холандскиот јавен сервис “NOS”.

Кафулињата, рестораните и непрехранбените продавници ќе мора да се затворат до 19:00 часот најмалку три недели, почнувајќи од утре, навел сервисот, цитирајќи владини извори.

На луѓето ќе биде апелирано да работат од дома максимално колку можат, а публиката нема да може да присуствува на спортски настани наредните недели, додал “Reuters”, пренесува “Tanjug”.

Училиштата, кино-салите и театрите ќе останат отворени.

Привремената влада на Марк Руте до вечер ќе донесе одлука за новите мерки и ќе ја објави на прес-конференцијата закажана за 19 часот.

Бројот на инфекции од коронавирус брзо се зголемил откако се укинала социјалната дистанца кон крајот на септември, па постигнат е рекорд во бројот на заболени за 24 часа во четврток и изнесувал 16.300.

Во Холандија ревакцинирани се 85 проценти од полнолетните граѓани, а бустер дозите засега се одобрени само за мала група на луѓе – имунокомпромитираните лица и луѓето постари од 80 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.