Холандија планира да воведе брзи тестови на здив низ целата земја за да го забрза процесот на тестирање на корона вирусот и да го направи помалку инвазивен за граѓаните.

Установите во Амстердам во кои се одвива тестирање на корона вирусот оваа недела први почнаа да користат „SpiroNose“, уред што може да открие можни инфекции за една минута врз основа на здив.

Како што изјави инфектологот Марикен ван дер Лубен, по повеќемесечно тестирање, холандските здравствени власти утврдија дека „SpiroNose“ е сигурен кога станува збор за негативни резултати од тестовите, изјави .

Доколку тестот е негативен, тоа е многу сигурен исход и можете да одите, додека доколку е позитивен тогаш мора да биде потврден со ПЦР тест – појасни Ван дер Лубен.

Властите во Холандија нарачаа околу 1.800 вакци уреди што планираат да ги инсталираат во тестирачките објекти низ целата земја во наредните месеци.

Белгискиот вирусолог Марк Ван Ранст вели дека ова е ветувачка технологија, но дека сè уште нема доволно докази што покажуваат дека ова е патот по кој треба да се оди.

Холандската компанија „Бретомикс“ (Breathomix), која прва го разви уредот за откривање астма и карцином на бели дробови, наведува дека собрала доволно податоци за сигурно откривање на можна инфекција со корона вирус.

Во последните неколку месеци го измеривме здивот на луѓето кои имаат коронавирус и оние кои не се заразени и го знаеме нивниот просечен профил на дишење – соопштија од компанијата.

„Бретомикс“ моментално ги испитува опциите за користење на уредот во компании и училишта, но тоа нема да биде решение за отворање објекти за огромен број луѓе, бидејќи, според компанијата, за секој тест се потребни две до три минути.

„SpiroNose“ исто така е чувствителен на алкохол, цигари и други фактори кои влијаат на здивот на луѓето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.