Владата во Хаг одлучи да го ребрендира името на државата од Холандија во Нидерланд, како дел од обидите за подобрување на глобалниот имиџ.

Властите оценуваат дека треба да се обнови сликата за земјата, бидејќи името Холандија ги асоцира туристите на наркотици и амстердамскиот кварт на црвените фенери.

Новиот имиџ на земјата ќе се гради на името Нидерланд, а ќе се популаризира на меѓународни настани, како на пример Евровизија 2020.

Предвидено е и спортистите на Олимпијадата 2020 во Токио да настапуваат под името Нидерланд.

Во многу држави Холандија се поистоветува со целото кралство. Во земјата има две провинции Северна Холандија и Јужна Холандија, но тие заедно се 18 проценти од територијата на државата. Поголемиот број на жители јужните провинции Лимбург и Северен Брабант се против користење на името Холандија за цела земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.