Варијантата делта на коронавирусот брзо се шири во Холандија со репродуктивен број 2,17, најголем од почетокот на пандемијата во март 2020 година, според извештајот на Националниот институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ) објавен денеска.
Бројот на репродукција покажува дека на секои 100 заболени лица, следните 217 ќе бидат заразени.
RIVM смета дека помеѓу 60 и 65 проценти од сите заразени се со делта варијантата.
Во последниве денови, бројот на новоинфицирани за 24 часа се движел околу 8000.
Сепак, тешко дека заразените ќе имаат потешка форма на ковид-19, така што бројот на пациенти во болниците е стабилен.
Седумдневната инциденца минатата недела била околу 270 новоинфицирани на 100.000 жители, додека во Германија во моментов е само 6,5.
Драматичниот пораст на инфекциите ја поттикна владата во петокот да се откаже од олеснувањето на некои мерки.
Дискотеките и ноќните клубови повторно се затвораат, а фестивали повеќе нема да се одржуваат бидејќи се чини дека биле главните извори на инфекција во последните две недели.
Владата се најде под жестока критика за брзото укинување на ограничувачките мерки на 26 јуни.
Премиерот Марк Руте потоа се извини и ја спомна „погрешната проценка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.