Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално и штeтно е што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени, изјави поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји.
Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и оти некои земји можат да станат членки до 2025 година, не само што им одмага на оние кои треба да спроведуваат реформи, туку ги охрабрува и kлeптоkpaтите, kopyмпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години и им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат, рече Ји на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.