Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок, денеска предупреди дека е рано да се каже дали ограничувачките мерки ќе бидат укинати на 21 јуни, бидејќи најновите извештаи покажале дека новиот сој делта е за 40% позаразен од британскиот.
Институтот за јавно здравје на Англија во четвртокот објави дека (индискиот) делта сој, сега е доминантен во Велика Британија, откако бројот на заразени скокнал од 5.472 на 12.431, објави „Мирор“.
Рековме дека ќе им дадеме на луѓето доволно време да се подготват за 21 јуни, кога е закажан следниот чекор (за ублажување на мерките), и она што е важно е да видиме дали ќе бидат исполнети нашите услови што ги поставивме.“ изјавил Хенкок.
Тој им дал надеж на Британците дека мерките може да се намалат на 21 јуни и додаде дека бројот на хоспитализации е „еднаков“, иако бројот на заболени е зголемен во претходните недели.
Ханкок, сепак, додаде дека е важно да се види влијанието на „новиот, делта (индиски) сој“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Comments are closed for this post.