Парламентот во Грузија денеска на четири часа ја запре работата откако во него беше испрскана супстанца со непријатен мирис од страна на демонстранти.
Според претседателот на Парламентот Арчил Талаквадзе се работи за „хемиски напад” во кој нема сериозно повредени.
Еден од учесниците во протестот на движењето „Шејм” (Срамота) откри дека се работи за антисептичка течност што ја користат ветеринарите, со која беше испрскана внатрешноста со цел да биде запрена работата на Парламентот поради именување судии во Врховниот суд.
Подоцна Парламентот одобри 14 од 20 кандидати за судии на Врховниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.