Финската премиерка Сана Марин синоќа објави дека главниот град Хелсинки и областа околу него ќе бидат изолирани од остатокот на земјата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Реонот на главниот град е најголемо жариште на Ковид-19 во Финска.

Влегувањето и излегувањето од главниот град ќе биде забрането за граѓаните од утре до 19 април – истакна Сана Марин на прес-конференција.

Сепак, таа прецизираше дека секој има право да се врати во своите домови.

Во главниот град, каде се регистрирани повеќе од 500 случаи на Ковид-19, живеат 1,7 милиони луѓе, што е еднакво на една третина од населението на земјата. Регистрирани се вкупно 880 случаи во таа држава и тријца починати како резултат на пандемијата.

Во Финска се тестираат само пациенти со висок ризик. Властите велат дека нивниот реален број може да е 30 пати поголем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.