Познатиот американски радиоводител, Хауард Стерн, повторно потсети дека „можеби ќе мора да се кандидира“ за претседател на САД, овојпат, мотивиран од „нередот предизвикан од антиваксерите“ во услови на пандемијата на корона вирусот.
Откако продуцентот на шоуто Крис Вајлдинг зборуваше за мерките на претпазливост во Панама, Стерн (67) во емисијата во вторникот изјави дека САД „се претвораат во земја од третиот свет поради дебилите што живеат во неа“.
Тоа е тажен коментар за мојата земја. Ова е мојата земја. Има премногу зае*ани морони кои живеат тука. Би можеле да пребродиме многу, ако, само, сите се вакцинираат. Порано бев слободен, но повеќе не сум… Не се чувствувам добро поради тоа што се случува во мојата земја. Можеби ќе треба да се кандидирам (за претседател) само за да го исчистам овој зае*ан хаос овде! – изјави Стерн.
Тој изрази оптимизам за тоа што може да направи како претседател. Како што порача, „ќе расчистел за две секунди“, онака како што претседателот Џо Бајден ги извлекол Американците од Авганистан. Водителот потоа ги критикуваше и познатите глумци кои се откажаа од деловни задачи затоа што не сакаат да се вакцинираат.
Да ви кажам нешто, една мала тајна… Ако сте глумец, навистина е тешко да се вработите, освен ако не сте, онака во највисокиот, врвниот ешалон – изјави Стерн.
Се чини, на Стерн му се допаѓа и му прилега муабетот за кандидирање за претседател. Претходно, тој рече дека „ќе биде негова граѓанска должност“, доколку Доналд Трамп се кандидира за втор мандат во 2024 година, „да му удри клоца во…“ – според познатиот експлицитен речник на водителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.