Харви Вајнстин, паднатиот титан на Холивуд чие сексуално злоставување на аспирантни млади женски актери го предизвика движењето #MeToo, конечно е изведен пред лицето на правдата откако поротата во Њујорк го прогласи за виновен.

На поротата од седум мажи и пет жени во Врховниот суд во Њујорк и требаше пет дена да ја донесе пресудата. Тие го прогласија обвинетиот за виновен за кривичен сексуален акт во прв степен за присилување на орален секс врз поранешната асистентка Миријам Хејли во 2006 година.

Обвинувањето носи минимална казна затвор од пет години и максимум до 25 години.

Поротата, исто така, го осуди Вајнстин за силување во трет степен. Ова се однесува на силување жена во хотел во Њујорк во 2013 година.

Вајнстин беше ослободен од три дополнителни обвиненија, вклучувајќи ги и двете најсериозни точки за предаторски сексуален напад, што носеше можна доживотен затвор и силување од прв степен.

Епскиот пад на могулот на филмот сега е завршен. Тој беше продуцент на филмовите како „Евтини приказни“ и „Заљубениот Шекспир“ освојувајќи вкупно 81 оскари. Гламурозниот начин на живот на Менхетн и Лос Анџелес во кој некогаш уживаше ќе биде заменет со државна затворска ќелија во Њујорк. Харви Вајнштајн веднаш по одлуката на поротата беше однесен во притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.