Судирите помеѓу приврзаниците на претседателот Мадуро и самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо во Венецуела денеска ескалираа кога на автопатот кај Каракас дојде до размена на оган меѓу двете страни.

Приврзаниците на Гуаидо претпладнево се собраа на периферијата на престолнината, а наводно упаднале и во воздухопловната база Ла Карлота. Наводно една група војници преминале на страната на Гуаидо.

Самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо на Твитер соопшти дека „нема назад“ и дека „Мадуро мора да падне“, додека актуелниот претседател истакна дека военото раководство им е верно на властите.

Пред резиденцијата на Мадуро се собрани негови приврзаници. Во Венецуела е привремено блокиран интернетот, а и сообраќајот на подземната железница е во привремени прекини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.