Еврокомесарот за проширување во заминување, Јоханес Хан, верува дека треба да му се даде шанса на неговиот назначен наследник, Унгарецот Ласло Трочањи, да докаже дека ќе ги почитува европските вредности.
Кандидатот беше член на Венецијанската комисија, која е една од институциите со најголемо реноме за прашања поврзани со владеењето на правото, а секој комесар мора да даде заклетва за европски вредности и повелби и тој е европски претставник, вели Хан во интервју за „Евроњуз“.
Во интервјуто, комесарот во заминување изразува задоволство што е направен прогрес во подготвувањето на земјите кандидатки за членство во ЕУ и вели дека е убеден дека Македонија и Албанија ќе добијат зелено светло за старт на преговори во јуни од страна на земјите членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.