Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент потврди дека вонреден состанок е закажан утре кога комесарот Јоханес Хан ќе го претстави годинешниот пакет-проширувања. Истовремено, во Европската комисија велат дека и натаму не може официјално да потврдат кога ќе бидат усвоени и објавени извештаите за напредокот на земјите во процесот на проширувањето.
Неодамна Хан најави дека Европската комисија за време на објавувањето на годишниот извештај за напредокот на земјите, кои се во процесот на проширување, на 29 мај ќе го соопшти отворањето на преговорите за полноправно членство со Албанија и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.