Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, изрази надеж дека по изборите на Косово, работите ќе бидат појасни и дека ќе може да се влезе во „финалната фаза“ на преговорите.
Позитивен исход од дијалогот меѓу Србија и Косово е клучен елемент на идната европска перспектива на целиот регионот, затоа е важно да се работи на ова, и се надевам дека по изборите работите ќе бидат појасно, и со новиот европски персонал треба да влеземе во финалната фаза на преговорите, навести комесарот Хан.
Тој сепак истакна дека до тогаш е важно и двете страни да направат отстапки за да се деблокираат преговорите.
Она што е клучно е Косово да ги отстрани царините, тие се спротивни на духот на ЕУ, ЕУ е заеднички пазар, без царини, ова мора да се направи, но Србија треба да се воздржи од иницијативи низ светот за отповикување на признавањето на независноста на Косово, двете страни треба да направат чекор и тогаш ќе можеме да најдеме решение, не е невозможно, додаде Хан пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Хелсинки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.