Гвинеја официјално прогласи епидемија на ебола по смртта на најмалку три лица и уште четворица заразени, додека соседните земји се во состојба на готовност.  свет, при што починаа повеќе од 11.300 луѓе.

Трите западноафрикански држави Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја се бореа заедно од 2014 до 2016 година против најсмртоносната епидемија на ебола во светот, при што починаа повеќе од 11.300 луѓе.

Претседателот на Сиера Леоне Џулиус Мада Био отпатува на консултации со претседателот на Гвинеја, Алфа Конде.

Еболата повторно се појави во јужна Гвинеја, каде здравствените работници открија сомнителни случаи кај пациенти со симптоми на дијареја, повраќање и крварење.

Министерот за здравство рече дека се откриени седум случаи, сите постари од 25 години. Тој рече дека Владата ги презема сите мерки за што побрзо запирање на епидемијата и го повика населението од погодените области да се придржуваат до санитарните мерки и веднаш да контактираат со здравствените установи доколку забележат сомнителни симптоми.

Епидемија беше прогласена по вчерашниот итен состанок, а сите сомнителни случаи се изолирани и отворен е центар за лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.