Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги оквалификува климатските промени и корона вирусот како закани кои не познаваат граници, кои претставуваат голем предизвик и кои создаваат поделби.
Војните на нашата планета мора да запрат. Време е да се фокусираме на борбата против заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата. Членовите на ова Собрание мора да зборуваат со еден глас – порача Гутереш, на отворањето на Генералното собрание на ОН.
Генералното собрание е главното тело за утврдување на политиките на ОН. Ги вклучува сите земји-членки и обезбедува форум за мултилатерални дискусии низ целиот спектар на меѓународни односи. Секоја од 193 земји-членки има еднаков глас.
Општите дебати што почнуваат следниот вторник, е кулминација на Генералното собрание.
Американскиот претседател Џо Бајден е меѓу светските лидери кои ќе зборуваат оваа година. Поради пандемијата, општата дебата ќе има помалку учесници. Многу шефови на држави и влади нема да патуваат во Њујорк и наместо тоа ќе учествуваат онлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.