Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека сигурна и ефикасна вакцина против коронавирусот можеби е единственото средство кое светот би го вратило во „нормала“.

Првиот човек на Светската организација изрази надеж оти до крајот на 2020 година ќе биде на располагање вакцина за новиот коронавирус.

„Таква вакцина би спасила милиони животи и безброј милјијарди долари, изјави доцна синоќа Гутереш за време на видео конференцијата со претставниците на околу 50 африкански земји.

Генералниот секретар на ОН се заложи за забрзан развој на вакцина која би била достапна за сите и додаде дека таа би требало да биде „универзална“ и да овозможи контрола на пандемијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.