Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, предупреди за, како што рече, застрашувачкиот глобален пораст на семејното насилство поради кризата со коронавирусот и ги повика владите да направат поголеми напори за спречување на насилството врз жените.
Знаеме дека изолацијата и карантинот се неопходни во борбата против ковид-19. Но, тие можат да бидат стапица за жени со насилни партнери. Многу жени и девојчиња се изложени на најголем ризик каде треба да бидат најбезбедни. Во нивните домови – објави Гутереш на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.