Со оглед на хаотичната и напната безбедносна состојба во Авганистан, особено по крвавите бомбашки напади на аеродромот во Кабул, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги покани земјите со право на вето и членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на состанок посветен на кризата.
Според дипломатски извори, амбасадорите на САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција во понеделник треба да се сретнат со шефот на ОН во Њујорк за да разменат мислења за ситуацијата.
Не се објавени повеќе детали за целите на планираната средба. Портпаролот на Обединетите нации не сакал официјално да ја потврди информацијата, јави ДПА.
Гутереш остро го осуди нападот кај аеродромот во Кабул.
Овој инцидент ја нагласува нестабилноста на ситуацијата на теренот во Авганистан, но исто така ја зајакнува нашата решителност додека продолжуваме да даваме итна помош низ целата земја за поддршка на авганистанскиот народ – напиша Гутереш на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.