Околу 120 милиони работни места во туризмот во светот се загрозени поради пандемијата на Ковид-19, изјави главниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во првите пет месеци од годината меѓународните туристички доаѓања се намалија за повеќе од педесет отсто и загубени се околу 320 милијарди долари од извоз преку туризмот – изјави тој.

Вкупно загрозени се околу 120 милиони директни работни места во туризмот,  додаде Гутереш.

Додека во многу делови во светот на сила се рестриктивните мерки поради Ковид-19, летовите се во прекин, а границите затворени, Гутереш вели дека земјите во развој се особено погодени, вклучително и оние во Африка.

Падот на приходите доведе до зголемување на ловокрадството и уништувањето на живеалиштата во и околу заштитените области и затворањето на многу места на светско наследство ги лиши заедниците од важни средства за живот – додаде лидерот на ООН.

Исто така, тоа има негативно влијание врз жените, руралните заедници и домородните луѓе, рече тој, укажувајќи на важноста за обнова на туристичкиот сектор, во кој се вработени еден од десет луѓе ширум светот.

Гутереш наведе пет клучни области, вклучително и ублажување на социо-економските ефекти на пандемијата и поддршка на зелениот раст како начини за унапредување на закрепнувањето на секторот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.