Најмалку 15.000 лица на север од Индија се ставени во карантин, бидејќи се сомневаат дека се заразени од коронавирусот преку нивниот гуру кој потоа починал, соопштија денеска локалните власти.

Гуруто Балдев Синг (70) веднаш по враќањето од Италија и Германија, проповедал во 15 села во индиската сојузна држава Пенџаб, каде претежно живеат Сики. Во меѓувреме се разболел и починал.

Тоа предизвикало сериозен хаос во Индија. Локалните власти организирале специјални достави на храна до жителите кои се ставени во уште построга изолација од онаа која во средата се воведе во цела Индија.

Досега 90 лица кои биле во директен контакт со гуруто се заразени од коронавирус. Се очекуваат резултати од уште 200 лица од тие села, за кои се сомневаат дека биле во непосреден контакт со проповедникот.

Инаку, во Индија која има 1,3 милијарди жители, регистрирани се 873 заразени, од кои 19 починати од коронавирусот. Здравствените експерти сметаат дека бројот на заразени веројатно е многу поголем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.