Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко изјави дека Москва не се меша во внатрешните работи на Атина во ситуацијата поврзана со името Македонија, но ќе продолжи да го искажува мислењето по тоа прашање, бидејќи тоа е во надлежност на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Ние на никаков начин не се мешаме во внатрешните работи на Грција, но по прашањата кои спаѓаат во надлежност на Советот за безбедност на ОН, Русија ќе го изразува сопственото мислење“, изјави рускиот дипломат, пренесе ТАСС.

Грушко изјавил дека коментарот на руското МНР со кој се осудува одлуката на македонскиот Парламент да го промени Уставот заради промена на името на земјата претставува суштинска оценка за тоа „како течеле преговорите (помеѓу Атина и Скопје за преименување на Македонија), под чиј меѓународен притисок и за мешањето без преседан кој го покажал западот во постигнување на потполно јасни геополитички цели“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.