Помеѓу 30 и 40 унгарски државјани се ставени во карантин на туристички брод во Мексико под сомнение дека се носители на коронавирус – соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на денешната прес-конференција.

Унгарските власти се во директен контакт со две семејства, кои се задржани во Мексико.
Сијарто изјави дека двајца патници на туристички брод пријавиле симптоми на грип, но утврдено е дека не станува збор за коронавирус.

Околу 6.000 патници се качиле на мексиканскиот брод „Мерави`а“, а медицинскиот персонал спроведува тестови за Ковид-19 – рече министерот Сијарто.

Во моментов, 12 Унгарци се во карантин во пет различни земји, а кај еден е откриено присуство на новиот коронавирус. Петмина унгарски државјани се задржани во Шпанија, тројца во Јапонија, двајца во Кина и по еден во Италија и Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.