Специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, изјави дека САД не се страна во договорот меѓу Србија и Косово за нормализирање на економските односи.
Со тоа Гренел ја демантираше вечерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија и Косово потпишаа билатерални договори со САД за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.
Тие потпишаа договор да работат заедно, тие не потпишаа со САД. Ние не сме потписници – изјави Гренел на прес-конференција во Вашингтон.
Тој додаде дека „нема ни да се обиде да разјасни што мислел претседателот Вучиќ кога им се обратил на српските медиуми“.
Она што Вучиќ го рече во салата за состаноци е дека ова е историски договор што ќе придонесе за нормализирање на регионот. Тој зборуваше за мини-Шенген зоната – изјави Гренел.
На прашањето дали Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти потпишале меѓусебен договор, Гренел рече дека „потпишале договор дека ќе работат заедно за нормализирање на економските и трговските односи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.