Германија сака постепено да ги отвори своите граници со некои соседни земји, додека другите држави од Европската унија сè уште се внимателни за тоа прашање.
Услов за цело планирано олеснување на мерките во прекуграничниот сообраќај е дека бројот на нови инфекции во соседната земја или во соседниот регион не се зголемува видливо повторно.
Како упатство, германската Влада го наведува бројот на педесет нови зарази на 100.000 жители во последните седум дена. Ако има повеќе од нив, граничните контроли би можеле повторно да се воведат.
Од сабота (16 мај), сепак, ќе има контрола на граничните премини со Франција, Австрија и Швајцарија, но само по случаен избор. Контролите се укинуваат на граничните премини со Луксембург, преговорите со данската Влада сè уште се во тек.
Целта на германската Цлада е повторно воспоставување слободен патнички сообраќај од средината на јуни, објави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер (ЦСУ).
Со оглед на тоа што сојузните германски покраини издаваат регулативи во врска со карантинот, Зехофер им предлага да ги укине за патниците од другите земји на ЕУ.
Но, ублажувањето не е исто во сите земји.
Полска не планира да ги отвори своите граници пред 12 јуни. Се водат разговори со Полска и Чешка за намалување на граничните контроли и регулативите за карантин. Уште на 4 мај, беше укинат задолжителниот карантин за Полјаците кои работат или студираат во Германија и некои други земји. Сепак, ова не се однесува на медицинскиот персонал и негователи кои се итно потребни во болници и домови за стари лица во Германија.
Од друга страна, мерките за оние кои доаѓаат од Шпанија и од Италија не се очекува да бидат релаксирани, заради исклучително големиот број на зарази во тие земји. Шпанија дури ги заостри правилата – шпанската Влада воведе двонеделен карантин за сите луѓе кои влегуваат во земјата од 15 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.