Полицијата во Минеаполис ќе биде „расформирана”, објавија властите на американскиот град каде што за време на полициско апсење беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Ние сме за распуштање на полициската служба каква што ја знаеме во градот Минеаполис”, рече претседателот на Градскиот совет, Лиза Бендер, за Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека властите, заедно со локалното население, ќе формираат „нов модел на јавна безбедност што навистина осигурува безбедност на сите луѓе”.

Бендер изјави дека има намера да ги пренасочи средствата наменети за градската полиција кон проекти што ќе се засноваат на локалната заедница.

Градскиот одбор разгледува и начини за замена на постојната полиција, рече Бендер, истакнувајќи дека тоа не е „краткорочен проект”.

Повеќето членови на Градскиот совет ја поддржуваат идејата за распуштање на полицијата и замена на она што го опишаа како модел за јавна безбедност базирана на заедницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.