Одлуката да се стави Вухан во карантин беше тешка, но неопходна, изјави градоначалникот на кинескиот град од каде почна ширењето на новиот коронавирус, Жоу Сианванг.
Тој потенцираше дека доколку властите не презеле толку драстични мерки, последиците за човештвото од коронавирусот би биле непредвидливи.
Градот Вухан е изолиран целосно поради епидемијата на новиот коронавирус. Целосно е запрен градскиот сообраќај, вклучително метрото, автобусите и фериботите. Во градот не се дозволува да влезат никакви автобуси или пловила. Откажани се и летовите и возовите од и до Вухан. Во продавниците полиците се празни, со оглед на тоа дека граѓаните не знаат до кога Вухан ќе биде под карантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.