Градоначалникот Павел Адамович се бори за живот во болница , откако со нож беше нападнат на бина за време на хуманитарен концерт пред илјадници гледачи.

Непознат маж се качи на бината , му пријде на градоначалникот и му зададе неколку удари со нож пред шокираната публика. Кога се качил напаѓачот на бината извикувал дека се вика Стефан и дека неправедно лежел во затвор за време на владеењето на владата на либералите , а потоа му се нафрлил на Адамович , кој доаѓа од опозициската Граѓанска платформа.

Mажот бил совладан на самото место , а градоначалникот со тешки повреди во стомакот , е префрлен во болница каде се бори за живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.