Градоначалникот на Бергамо, една од најтешко погодените области во Италија, рече дека регионот на Ломбардија и неговиот град станале епицентарот на појавата бидејќи вирусот веројатно некое време можел да се шири неоткриен.

Градоначалникот на Бергамо Џорџио  Гори, рече дека неговиот град и околните општини требало да бидат затворени многу порано. Тој ги советува градовите кои не се погодени од појава на епидемија да се фокусираат на тестирање што е можно повеќе луѓе, да ги следат нивните контакти и да ги изолираат заразените за да ја избегнат судбината на Бергамо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.