Единасет лица се уапсени во Мексико откако градоначалникот на мексиканската држава Чиапас, Хорхе Луис Ескандон Ернандес беше врзан за камион и влечен по улиците.

Градоначалникот бил изнесен од неговата канцеларија, па врзан за камион кој го влечел низ улиците затоа што не ги исполни преизборните ветувања дека ќе ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот беше нападнат од земјоделци.

Без да претрпи посериозни последици, градоначалникот Ескандон Ернандес многу брзо беше ослободен од локалната полиција.

Ернандес кажал дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.