Градоначалничката на главниот град на Колумбија, Богота, Клаудија Лопез, им се извини на семејствата на убиените демонстранти и повика на помирување.
Ваквата реакција на Лопез доаѓа по протестите во колумбиската престолнина при кои минатата недела загинаа 10, а беа ранеи стотици цивили поради агресивната полициска акција.
Бараме прошка за сите жртви на полициска бруталност. Бараме правдата да биде задоволена затоа што знаеме дека и други вакви инциденти остануваат неказнети и не сакаме истото да се случи и со овие жртви – порача Лопез на комеморацијата на жртвите.
Протестите во Богота и во градот Соака почнаа поради смртта на Хавиер Оронес кого полицијата го застрела во средата. За време на протестот во средата, седум млади луѓе беа убиени откако полицијата во Богота употреби огнено оружје.
Уште три лица беа убиени на протестите во четвртокот вечерта во Богота, како и уште три во Соака.
Во судирите се повредени 200 полицајци, а уништени се 60 полициски станици, како и десетици возила за јавен превоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.