Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, размислува за преселување на проституцијата од познатиот Црвен кварт во Амстердам. Таа сака туристите повеќе да го насочат вниманието кон културната вредност на центарот на градот.

Халсема е првата жена на чело на градот во историјата на Амстердам, а должноста ја врши веќе 5 месеци. Таа за Bloomberg ги откри причините зошто сака да ја укине проституцијата во Црвениот кварт, пракса која во центарот на Амстердам постои со векови.

Пречесто гледаме ранливи жени зад прозорците додека им довикуваат групи пијани мажи. Нашиот центар е еден од најстарите во Европа, со огромно културно и историско значење, а очигледно пропаѓа. Сакаме туристите да ја видат неговата вистинска културна вредност“, вели градоначалничката.

Црвениот кварт со своите 370 излози со проститутки повеќе не одговара на овој модерен град. Освен што се омаловажуваат проститутките со пијано довикување и фотографирање, градоначалничката сака да ја отстрани проституцијата за туристите подобро да се распоредат низ градот. Таа истакнува дека нема намера да ја укине проституцијата на подрачјето на Амстердам, туку само да ја исфрли од центарот на градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.