Во познатата катедрала Нотр Дам во францускиот главен град избувна пожар, соопшти градската пожарна служба. Како што може да се види на фотографиите, силен чад се извива од покривот на катедралата.

Емануел Макрон го откажа планираното обраќање до нацијата поради „ужасниот пожар“ во катедралата.

Во тек е голема операција на гасење на катедралата, а причините за пожарот засега се непознати.

Средновековната катедрала е една од главните атракции на францускиот главен град, а ја посетуваат 12 милиони туристи годишно. Нотр Дам се истакнува со својата големина, древност и архитектонскиот интерес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.