Пожар избувнал во близина на Зоолошката градина во Кабул, Авганистан, а наместо пожарникари на местото пристигнале талибанците, пренесува МИА. Сѐ уште не е познато колку е проширен пожарот и како тие ќе се справат со пламените јазици, но според видеата на социјалните мрежи пожарот веројатно избувнал во магацин за дрва и градежни материјали во населбата Демазанг.

Корисник на социјалните мрежи посочи дека постои опасност од целосно уништување на многу згради.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.