Се запали ирански танкер по експлозијата во близина на саудискиот пристанишен град Џеда во Црвено Море, 100 километри од бреговите на Саудиска Арабија. Локалните медиуми овој инцидент го третираат како „терористички чин”.
Танкерот, управуван од Националната иранска нафтена компанија (НИОК), пловел преку Црвеното Море кога се случила експлозијата, според иранската полу-официјална новинска агенција ИСНА. Експлозијата била доволно моќна да оштети два од нејзините резервоари, што довело до протекување на нафта во областа.
Локалните медиуми наведуваат дека некои неименувани ирански „технички експерти“ веруваат дека инцидентот може да биде предизвикан од „терористички напад“, но не дале никакви докази да го потврдат ова тврдење.
Екипажот на танкерот не е повреден во инцидентот што се случи во близина на Џеда, најголемото пристаниште во Црвено Море што служи како поморска порта кон Саудиска Арабија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.