Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во пожар кој денеска избувнаа во еден од најголемите трговски комплекси во Азија, лоциран во Бангкок.
There is/was a fire at #Bangkok CentralWorld convention center wing, the staff food court by the looks of it. pic.twitter.com/F2rH8HRMl5
— Conny Brunnkvist (@connyb) April 10, 2019
Гувернерот на Бангкок Асавин Кванмуанг претходно изјавил за новинарите дека три лица починале, еден на самото место, а две во болница и дека најмалку уште седум се повредени. Тој додал дека пожарот почнал во магацинот со документи на осмиот кат на една од висококатниците која е дел од комплексот, пренесува АП.
Според тамошните медиуми, луѓето скокале од зградата за да се спасат.
Полицијата соопшти дека пожарот почнал на просторот за паркинг на трговскиот комплекс. Засега не е позната причината за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.