Велика Британија, Франција и Германија го предупредија Иран да не го крши меѓународниот нуклеарен договор потпишан во 2015 година, јави Би-Би-Си.
На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, трите потписнички на меѓународниот нуклеарен договор нагласија дека во случај на нови прекршувања на договорот ќе биде покренат посебен механизам за спорови.
Во тој случај, целиот нуклеарен договор би пропаднал и ОН би можеле повторно да воведат санкции за Иран.
Се нагласува дека Иран почнал да ги крши своите обврски од договорот, откако САД се повлекоа минатата година и воведоа санкции за таа држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.